Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Членови на Српската зедница во Македонија, огранок Куманово, вчера ја одбележа годишнината од Кумановската битка и положија цевеќе на споменикот Зебрњак.
Одбележувањето на Кумановска битка е момент кога Србите во Македонија и регионот се потсетуваат на борците кои ги загубиле своите животи во повеќегодишните војни во Првата балканска војна.
На прославата присутните ги поздрави Драган Недељковиќ, заменик министер за култура на Република Македонија и Негован Станковиќ, државен секретар во министерство за труд и социјална политика на Република Србија.
Кумановската битка е пример за брилијантно изведена воена операција чиј резултат беше сензационална победа. Тука животот го загубија околу 700 српски војници и офицери и неколку илјади ранети лица. - рече Станковиќ.
Кумановската битка се случила на 24 октомври 1912 година.