Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тајмлес отвори нов екслузивен салон за продажба на уникатен накит и часовници во трговскиот центар „Ла плаза“, поранешен 1 Мај, до градскиот пазар во Куманово.
Салонот се наоѓа на првиот кат и зафаќа површина од 77 метри квадратни, уреден е и опремен по најсовремените стандарди за продажна на накит.
„Со нашиот бренд на часовници и накит отворивме уште еден салон тука во Куманово, четврти по ред и очекуваме успешна соработка со нашите клиенти. Во меѓувреме ја проширивме понудата со уште неколку брендови на ексклузивен италијански сребрен накит и на часовници на задоволство на потрошувачите“, изјави сопственикот Ѓокица Гиевски.
По повод отворањето на новиот салон за сите клиенти се предвидени големи попусти и изненадувања.
„Сега е сезоната на матурските прослави и веселби, иако ние и порано имавме попусти, во новиот продажен салон подготвивме специјална понуда од 20 до 50 отсто попусти на целокупниот асортиман, кој ќе трае следните три дена. Се надевам дека нашите клиенти ќе го препознаат вложениот труд, енергијата и ќе продолжат да не поддржуваат. Повелете посетете не, ние сме тука само за вас и уверете се во ова што го зборуваме“, додава Гиевски.
Tајмлес е кумановски бренд, кој успеја да се наметнеме со својот квалитет и професионализам не само во градот туку и пошироко, а што е најважно ја оправда довербата и на најпробирливите граѓани.
„Кога ги гледаме нашите сограѓани колку се задоволни од квалитетот на нашиот накит и од нашата услуга, тогаш нашето задоволство е уште поголемо. Тоа е најголемо признание за секоја фирма. Ние не сме за еден ден и една година, функционираме и ќе функционираме уште долго во интерес на нашите потрошувачи“, велат од Тајмлес.
Брендот Тајмлес постои веќе 11 години и освен во Куманово има продажни салони и во Скопје.
(комерцијален текст)