×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Таксистите бараат нови и обележани постојки, надлежните велат да ги користат постоечките и да не се паркираат каде што сакаат

    16.11.2020 12:51 | KumanovoNews

     Такси превозниците во градот бараат од Општина Куманово да одреди и да обележи повеќе такси постојки во градот, кои ќе ги користат само тие и патниците.

    Таксистите бараат нови и обележани постојки, надлежните велат да ги користат постоечките и да не се паркираат каде што сакаат

    Тие се жалат дека немаат доволно обележано такси места, а со поставување на заштитните столбиња се узурпират и веќе постоечките.

    - Имаме проблем со такси постојките низ градот и ние и нашите патници. Немаме постојки во населбата Зелен рид, кај болницата, на локалитетот Водовод, поточно кај Жмара, во Соколана, зелениот пазар, сега со поставување на столбчињата уништени се и постојните места на многу локации, - вели еден од таксистите.

    Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, вели дека таксистите наместо да бараат нови постојки, треба почнат да ги користат дефинираните такси места во градот, кои најчето ги избегаваат и се паркираат каде што на нив им одговара. Тој најави дека наскоро ќе бидат обележани улиците во градот, со што ќе бидат опфатени и такси-постојките.

    - Јас апелирам да се почитуваат паркиралиштата кои што се предвидени во сколп на годишната програма, бидејќи секоја компанија или такси возач кога ќе добие лиценца за работа добива информатор кој на која локација и колку возила може да паркира. Оние локации, на кои се поставуваат столбчиња се јавно-прометни површини, не е дозволено паркирање на возила, туку се наменети за движење на пешаците, - изјави Димитриевски.  

    Таксистите додават дека голем проблем е и нелојалната конкуренција со т.н. диви таксисти, кои ги има на секој чекор.

    Градоначалникот вели дека одредени таксисти еден период се членови на некоја компанија, а потоа работат како диви првозници и се согласува дека тие треба да бидат санкционирани.