Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Татко и син се повредени при физичка пресметка претпладнево во кумановската населба Иго Тричковиќ, по што и двајцата се пренесени во болница.
“Во 10:40 часот било пријавено дека во населбата „Иго Тричковиќ“ бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу татко и син, во која бил употребен и остар предмет. Двајцата со повреди биле пренесени во Општа болница Куманово, информира СВР Куманово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот. Едниот од повредените поради сериозноста на повредите е транспортиран на скопските клиники.
(Фото. архива)