Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Малолетно девојче од Куманово го пријавило својот татко во полиција, затоа што сакал по третпат да ја мажи за пари.
„Вчера во 22.00 часот во СВР Куманово, малолетничка од Куманово пријавила дека нејзиниот татко Џ.С. од Куманово два пати ја мажел за одреден паричен надомест и кога дознала дека планира и трет пат да ја мажи побегнала од живеалиштето и го
пријавила настанот во полициска станица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопшти МВР.