×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Техничка помош и поддршка од Владата бара Куманово за да се справи со коронавирусот

    06.04.2020 17:26 | KumanovoNews

    Техничка поддршка во амбулантно возило и цистерна за дезинфекција на јавните површини, побара Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешниот состанок.

    Техничка помош и поддршка од Владата бара Куманово за да се справи со коронавирусот

    Меѓу мерките за спречување на ширење на коронавирусот се и доставувањето на пензиите на домашна адреса, како и формирање на медицински и редарски тимови за потребите на Општинскиот кризен штаб.

    Ова се барањата на Општинскиот штаб за заштите и спасување:

      - Бараме од Влада на Република Северна Македонија за потребите на Урентен Центар да обезбеди дополнително возило за транспорт на пациенти.

    - Бараме Владата да обезбеди специјално возило (цистерна) со распрскувачи за вршење на дезинфекција на јавните површини на територија на Општина Куманово, бидејќи капацитетите со кои располага ЈП „Чистота и зеленило“- Куманово не се доволни за секојдневна и целосна дезинфекција на градот.

    - Бараме Владата да донесе одлука за средства кои се исплаќаат во вид на социјална помош и пензии да бидат исплаќани преку ЈП „Македонски пошти“ и други субјекти кои имаат можност за таков сервис дирекно до граѓаните како би се надминал постојаниот метеж пред банките и другите услужни установи кои вршат шалтерска исплата и услуга, бидејќи при вакви услуги евидентно не се почитуваат препораките на Владата од страна на граѓаните.

    - Бараме од Фондот за здраствено осигурување да ни доставите на маил ([email protected]) листа на приватни општи и/или специјалистички ординации ( име на ординација-област, име и презиме и контакт на лекари од општа пракса, доктори специјалисти, медицински и технички персонал) за потребите на ОШЗС.

    - Се задолжува Општина Куманово да формира редарска служба од сопствени вработени кои ќе вршат редарска контрола на најпрометни места во градот, а ќе бидат во постојана соработка со СВР Куманово а по потреба и асистенција. Лицата треба да бидат видно обележани и ќе добијат насоки од ОШЗС за начинот како ќе ја извршуваат нивната работа. 

    - Апелираме бројот 192 да се користи од страна на граѓаните само  за повици кои се  во делот на работење на полицијата. Сите други информации  граѓаните ќе можат да ги  добијат на бројот на Општинскиот штаб за Заштита и спасување - 078 365 061.