Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Професори од Техничкото училиште “Наце Буѓони“ до Нова година ќе посетат училиште во Бурса при што се очекува да добијат машини за изведување на практична настава.
Директорката Лидија Михајловска вели дека новата опрема ќе создаде многу подобри услови за практична работа.
Очекуваме голема донација од нашите соработници, техничкото училиште во Бурса, Турција. Пред Нова година планираме да одиме и очекуваме модерни машини од тамошното училиште кое има сопствена фабрика за обучување на ученици на практична настава. Тие ни ветија дека ќе ни помогнат, знаеме дека Турција е многу понапредна од нас - изјави Михајловска.
Таа вели дека следната година ова време ќе дадат поконкретни податоци за машините со кои ќе располагаат и опременоста на кабинетите.