×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви во Куманово

    28.01.2020 09:44 | KumanovoNews

    На територијата на Општина Куманово во наредните 2,5 месеци ќе се врши теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви во сите населени места.

    Теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви во Куманово

    Оваа постапка ја спроведува Агенцијата за катастар на недвижности, заради воспоставување на Графички регистар на улици и куќни броеви кој ќе прерасне во Адресен регистер за целата територија на државата. Овој регистер ќе содржи просторни и описни податоци за улиците и куќните броеви, прибрани од терен, поединечно по населено место.

    - За таа цел ги информираме жителите на Општина Куманово дека во период од 28.01.- 13.04.2020 година ќе се врши теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви во сите населени места на територијата на општина Куманово, - соопштуваат од Општината.

    Од таму, апелираат до граѓаните за соработка со екипите задолжени за теренско прибирање на податоци, со цел непречено, навремено и успешно спроведување на процесот за воспоставување на Адресниот регистар.

    Теренско прибирање на податоци за улици и куќни броеви ќе се изврши во 11 општини во државата.