Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Техничкото училиште „Наце Буѓони“ од Куманово од почетокот на месецот започна да користи природен гас за загревање на просториите.
За таа цел монтирани се три посебни сетови на котли: во главната зграда, спортската сала и работилницата за да се зголеми заштедата и ефикасноста на системот.
„Намерно е направено така, ако на пример нема часови по физичко образование или практична настава во работилницата нема потреба да се загреваат тие простории. Рано е да кажеме какви се ефектите од гасификацијата, ја немаме добиено ниту првата сметка од „Куманово-гас“, но верувам дека ќе имаме позитивен исход од ова инвестиција“, истакна директорот Драган Јаневски.
Тој додева дека се целосно посветени за намалување на задувањето на животната средина и енергетска ефикасност на објектите, а тоа се гледа што веќе имаат поставено фотоволтаици на кровот, а користат и инвертер клима- уреди.
„Училиштето е и лиценцирано, како правен субјект од Министерството за екомонија и труд за вршење енергетски контроли. Јас лично како електроинженер и колегите би требало најдобро да го познаваме полето за ефикасност во загревање на просториите. Тврдам дека се преземени сите можни мерки за заштеда на енергија, но секако и пари- со ставање во погон на фотоволтаиците имаме драстично намалување на сметките за електрична енергија“, објаснува Јаневски.
Гасификацијата е спроведена со финасиски средства обезбедени преку Канцеларијата на Обединетите Нации за проектни услуги (УНОПС), Mинистерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Општина Куманово. Процесот поминал лесно и брзо затоа што менаџментот имал подготвен елаборат за гасификација, па не се губело време на комплетирање на документацијата.