×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Тивко згаснува списанието “Корени“

    19.02.2015 13:06 | KumanovoNews

    Неизвесно е издавањето на 50-от јубилејен број на списанието “Корени“, бидејќи и лани и годинава списанието не доби финансиска поддршка од Министерството за култура, велат од Друштвото за наука и култура “Парадигма“.

    Тивко згаснува списанието “Корени“

    Уредникот Димитар Масевски се надева дека во пресрет ќе им излезат од локалната самоуправа или спонзори, пријатели на ова реномирано списание кое излегува од печат 13 години.

    “Ние ќе продолжиме и понатаму кон реализирање на зацртаната цел, односно издавање на 50 броја на оваа веќе реномирано и етаблирано списание, познато не само на балканските простори туку и преку мрежата “Еурозине“ и во Европа. Токму во оваа година планираме да го издадеме јубилејниот 50-ти број на „Корени“, кој ќе биде мошне интересен бидејќи во него ќе бидат поместени наградените есеи од сите девет, досега изминати конкурси за „Мартовски есеи“, при што ќе се види идејата за покренување на еден ваков магазин од редакцијата, хуманата порака за заедничко творење и почитување, без разлика на етничката или верската припадност. Овој број веќе е во подготовка и се надеваме да излезе од печат некаде кон крајот на јуни или пак во септември годинава“ - вели Масевски.

    Во 2014 година редакцијата го подготви за печатење двобројот 48/49, иако средствата не се целосно обезбедени. Досега се издадени 47 броја, а на околу 7.000 страници твореа преку 600 автори од сите етнички заедници од регионот, се разбира на својот мајчин јазик. Воедно годинава се навршуваат 10 години од распишувањето на првиот конкурс за „Мартовски есеи“ на списанието.