Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Топлотен бран со температури до 39 степени од денеска ќе ги зафати севреозападниот и југоисточниот регион на државата.
Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, најпогодени ќе бидат Тетово, Гостивар, Кичево, Гевгелија, Кавадарци, Неготино, Дојран, Валандово, Струмица и Кочани.
Поради високата вредност на УВ индексот во периодот од 11 до 16 часот се препорачува да се избегнува изложеност на директно сончево зрачење.
Сончево и топло денеска ќе биде и во Куманово.