×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трајковска: Владата одобри дополнителни 900 милиони денари за поддршка во земјоделството за 2020

    25.11.2020 11:10 | KumanovoNews

    Владата одобри 900 милиони денари, дополнителни финансиски средства за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2020 година, што покажува дека една од приоритетните заложби на оваа власт е поддршка и засилена помош на земјоделството, кое како и сите други гранки е погодено од корона-кризата, кажа на денешната прес-конференција, Весна Трајковска член на ИО на ОО СДСМ Куманово.

    Трајковска: Владата одобри дополнителни 900 милиони денари за поддршка во земјоделството за 2020

    „Овие средства ќе бидат наменети за да се исплатат финансиските заостанатите обврски од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството за 2019 година и тоа за: предадено млеко кај регистрирани откупувачи и тоа исплата за финансиски средства за период од октомври 2018 година до септември 2019 година, предадени овошни и градинарски култури во преработувачки капацитети, финансиска поддршка за органско производство како и за подрачја со исплата на финансиски средства од останатите мерки“, рече Трајковска.

    На прес-конференцијата, таа образложи и дека Агенцијата за финансика поддршка во земјоделството и руралниот развој, на сметките на 6.755 сточари исплати над 152 милиони денари за произведено и предадено овчо, кравјо и козјо млеко од втора фаза.

    „Средставата од оваа мерка се свеж капитал кој треба да им помогне на сточарите, да ја обезбедат потребната количина на храна за презимување на стоката. Владата на РСМ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во услови на криза се грижи за своите земјоделци кои се најбитна алка во процесот на обезбедување храна и развој на економијата во државата“,  додаде Трајковска.