×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трета седница на Совет

    11.06.2013 12:03 | KumanovoNews

     Советниците утре ќе ја одржат третата редовна седница на Советот на Општина Куманово.

    Трета седница на Совет

    На дневен ред се 29 точки, од кои дел се извештаи за работа: на Полициската станица, Противпожарната единица, финасиски извештај за работата јавните претпријатија, кварталниот извештај за реализација на Буџетот на Општината и др.

    Дневен ред

    1. Информација за состојбите со одвивањето на сообраќајот во Општината Куманово;

    2. Информација на превземени мерки и активности од страна на Полициска станица од општа надлежност Куманово во текот на првото тромесечие од 2013 година;

    3. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2013 година;

    4. Предлог – Одлука за проширување и измена на распоредот на средствата во Буџетот на Општина Куманово за 2013 година;

    5. Буџетски календар;

    6. Извештај за реализација на Програмата за изработка на урбанистичко планирање и друга урбанистичка документација на град Куманово за 2012 година;

    7. Предлог - Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2013 година;

    8. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2013 година;

    9. Годишен Извештај на Територијална противпожарна единица Куманово за 2012 година;

    10. Програма за работа на ТППЕ Куманово во 2013 година;

    11. Предлог – Одлука за исплата на парични средства од Буџетот на Општината Куманово за 2013 година од ставка тековни резерви за ангажирање на противпожарни работници;

    12. Финансиски извештаи/Годишна сметка на Ј.П. “Водовод” - Куманово за 2012 година;

    13. Финансиски извештај за работа на Ј.П. “Пазаришта” - Куманово за период Октомври – Декември 2012 година;

    14. Финансиски извештај за работа на Ј.П. “Пазаришта” – Куманово за период Јануари – Декември 2012 година;

    15. Финансиски извештај за работа на Ј.П. “Пазаришта” - Куманово за периодот Јануари - Март 2013 година;

    16. Извештај за деловно финансиско работење на Ј.П. “Чистота и зеленило” - Куманово за период Октомври – Декември 2012 година;

    17. Извештај за работа на Ј.П. “Чистота и зеленило” - Куманово за 2012 година;

    18. Извештај за финансиско работење на Ј.П. “Куманово - паркинг” - Куманово за период 1.10.2012 – 31.12. 2012 година;

    19. Извештај за финансиско работење на Ј.П. ‘‘Куманово – паркинг‘‘ – Куманово за период 01.01.2012 – 31.12.2012 година;

    20. Предлог – Оперативна програма на културни манифестации во Општина Куманово за II квартал за 2013 година;

    21. Предлог – Одлука за прифаќање на иницијатива за експропријација на градежно земјиште заради изградба на објект од јавен интерес од локално значење-Трафостаница ТС10(20) Кв„ТС Гладно поле“ во место викано Гладно поле-Општина Куманово;

    22. Предлог – Одлука за пристапување кон Повелбата на градоначалници на ЕУ;

    23. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2013 година;

    24. Предлог – Одлука за одобрување на Иницијатива за изработка на Детален урбанистички план за дел од УЕ Бедиње, дел од УБ 85, плански опфат на ул. ‘‘11-ти Ноември‘‘, ул. ‘‘Трајко Јовановски‘‘, ул. ‘‘Новопланирана‘‘ и крак на ул. ‘‘Трајко Јовановски‘‘ – Општина Куманово;

    25. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се намали профилот на Главната сообраќајница за Урбанистички план за помало населено место за населба Черкезе – Општина Куманово;

    26. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат на град Куманово, за место викано Бабин Дол – Општина Куманово;

    27.  Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат на град Куманово, за место викано Ајдучка Чешма – Општина Куманово;

    28. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација со која ќе се изврши проширување на планскиот опфат на населба Карпош, за место викано Дутев Чифлик – Општина Куманово;

    29. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко планска документација за усогласување на намената на земјиштето предвидена со важечки ГУП зона зеленило Д1 во А1 домување во семејни куќи за дел од УЕ ‘‘Трета МУБ‘‘, дел од УБ 52 - Општина Куманово.