×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трета седница на Советот на Општина Куманово - 57 точки на дневен ред

    27.12.2021 07:53 | Сузана Николиќ

    Советот на Општина Куманово утре ќе одржи редовна седница. На дневен ред се дури 57 точки. Советниците ќе ги разгледаат извештаите за работа на јавните претпријатија и установи за тековната година, но треба да расправаат и да донесат одлуки за повеќе програми за работа за наредната година. 

    Трета седница на Советот на Општина Куманово - 57 точки на дневен ред

    Дневен ред:

    1. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јули – Септември 2021 година;
    2. Програма за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2022 година;
    3. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
    4. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.07.2021 – 30.09.2021 година;
    5. Програма за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2022 година;
    6. Програма за повластено користење на паркинг услуги на јавните паркиралишта и јавните површини наменети за паркирање со кои стопанисува ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово од страна на лица со посебни потреби за 2022 година;
    7. Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2022 година;
    8. Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2022 година;
    9. Оперативна програма за собирање и транспортирање на комунален отпад на подрачјето општина Куманово во 2022 година;
    10. Програма за зимско одржување на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2022 година;
    11. Работна програма за 2022 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
    12. Програма за работа на Јавната општинска установа – Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово во 2022 година;
    13. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог - Годишен план за вработување во 2022 година на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово;
    14. Програма за работа на Општинскиот совет за превенција на детско престапништво на Општина Куманово за 2022 година;
    15. Програма за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Општина Куманово за 2022 година;
    16. Годишна програма за 2022 година на Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово;
    17. Предлог – Програма на културни манифестации на Општина Куманово за 2022 година;
    18. Предлог - Правилник за начин на распределба на средства за реализација на Програма за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2022 година;
    19. Предлог – Програма за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2022 година;
    20. Предлог – Програма за спроведување на општите мерки за заштита на населението од заразни болести во 2022 година;
    21. Предлог – Одлука за спроведување на мерки за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2022 година;
    22. Предлог – Одлука за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) преку субвенционирање на трошоци за комунални услуги за 2022 година;
    23. Предлог – Одлука за утврдување на право на користење и на критериуми за доделување на средства во вид на еднократна парична помош и помош во натура за 2022 година;
    24. Предлог – Програма за социјална заштита на Општина Куманово за 2022 година;
    25. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за основно образование за 2022 година;
    26. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за средно образование за 2022 година;
    27. Предлог – Програма за субвенционирање на наставни, воннаставни и спортски активности по пливање во Затворениот базен – Куманово за учениците од основните и средните училишта од Општина Куманово за 2022 година;
    28. Предлог – План на програми за развој на Општина Куманово за 2022 година;
    29. Предлог – Програма за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2022 година;
    30. Предлог - Програма за изградба, реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општината Куманово за 2022 година;
    31. Предлог – Програма на активности од областа на заштитата на животната средина и природата на Општина Куманово за 2022 година;
    32. Предлог – Програма за субвенционирање на граѓани за приклучок на гасификациона мрежа на подрачје на Општина Куманово за 2022 година;
    33. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема (реклами) на подрачјето на град Куманово;
    34. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. „Х. Т. Карпош“, дел од УБ 64-ј, плански опфат помеѓу ул. „Владимир Назор“, ул. „Пролетерски Бригади“, ул. „Киро Фетак“, ул. „Борис Кидрич“ и ул. „Карл Маркс“– Општина Куманово;
    35. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. „Перо Чичо“, дел од УБ 15, плански опфат помеѓу ул. „Михајло Пупин“, крак на ул. „Михајло Пупин“- Општина Куманово;
    36. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на ДУП за дел од УЕ „3-та МУБ“, дел од УБ 49, плански опфат меѓу ул. „Васил Драгомански“, ул. „Новопланирана“, „Пешачка патека“ и ул. „Тоде Димковски Думба“ – Општина Куманово;
    37. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од УЕ „Гоце Делчев“, дел од УБ 29, плански опфат меѓу ул. „АВНОЈ“, ул. „Мирче Ацев“, ул. „Рајко Жинзифов“, ул. „Страшо Пинџур“ и ул. „222“ - Општина Куманово;

    38. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. „Трета МУБ“, дел од У.Б. 48 (дел 2) и за дел од УЕ „Б.С.Гојчо“, дел од У.Б. 44, плански опфат меѓу ул. „Трета МУБ“, ул. „Перо Чичо“, ул. „Прва Петолетка“ и ул. „Миле Кипра“ - Општина Куманово;
    39. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од УЕ „11-ти Ноември“, дел од УБ 67, плански опфат меѓу ул. „Боро Прцан“, ул. „Сава Ковачевиќ“, ул. „Вера Јоциќ“ и ул. „Србо Томовиќ“ - Општина Куманово;

    40. Предлог – Одлука за донесување на ДУП за дел од УЕ „Индустрија“, дел од УБ 83, плански опфат помеѓу Регионален пат Р 2133, ул. „Новопланирана“, граница на УЕ и граница на УБ - Општина Куманово;
    41. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на ДУП за Г.П. 24 на К.П. 21962, КО
    Куманово од ДУП за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од УБ 61 - Општина Куманово;
    42. Извештај за реализација на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2021 година;
    43. Предлог – Програма за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2022 година;
    44. Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2021 година;

    45. Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2022 година;
    46. Програма за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2022 година;
    47. Предлог – Буџет на Општината Куманово за 2022 година;
    48. Предлог – Одлука за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2022 година;
    49. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за платите на државните службеници за 2022 година;
    50. Предлог – Одлука за утврдување на висина на благајнички максимум за готовинско плаќање од Буџетот на Општината Куманово за 2022 година;
    51. Предлог – Одлука за давање согласност за обезбедени финансиски средства од Буџетот на Општината Куманово за 2022 година за ангажирање на 25 (дваесет и пет) работници преку агенција за привремени вработувања во Општина Куманово;
    52. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2021 година;
    53. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово;
    54. Предлог - Решение за разрешување на член на Управниот одбор на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
    55. Предлог – Одлука за разрешување и именување на член на Локалниот економско- социјален совет на Општина Куманово;
    56. Предлог – Одлука за разрешување и именување на претседател и на член на Локалната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција на Општина Куманово;
    57. Предлог – Решение за формирање на Комисија за изготвување на Предлог – Програма за работа на Советот на Општината Куманово за 2022 година.