Три дуќани затворени заради неиздавање фискални
21.03.2014 12:34
| KumanovoNews
Во Куманово последната седмица се затворени три дуќани од Управа за јавни приходи, заради неиздавање на фискални сметки.

Во Куманово последнава недела се затворени три деловни објекти поради непочитување на Законот за регистрирање на готовински плаќања. Управата за јавни приходи врши редовни контроли во делот на фискализацијата, од кои најголемиот дел се по пријави на граѓани на кои не им биле издадени фискални сметки - вели Сузана Стошевска Николовска, регионален портпарол на УЈП регионална дирекција Штип.
Дуќаните кои се затворени заради непочитување на законите се излепени со жолти ленти на УЈП.