×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Три компании заинтересирани за ФЗЦ

    19.03.2015 13:34 | KumanovoNews

    Две странски и една домашна компанија се заинтересирани за купување на ФЗЦ

    Три компании заинтересирани за ФЗЦ

    Компанија од Русија и Турција и една од најголемите домашни фирми за производство на цевки се во игра да станат мнозински сопственик на Фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври„.

    Како пренесува Капитал, јавното наддавање ќе се одржи на 24 март, а акциите на компанијате се продаваат по втор пат, откако во декември лани, ниту еден инвеститор не покажа интерес да стане нејзин доминантен сопственик.

    Се продаваат 234.158 обични акции со право на глас што се во сопственост на Експорт Импорт банката во стечај, по почетна цена од 500 денари што е за 78% пониска во споредба со претходниот оглас кога истите акции се понудија на продажба по 51,13 евра.