Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Тројца кумановци заработија кривични пријави за нелегална сеча на дрва во рамките на акцијата „Гора“, која МВР ја спроведе минатиот месец.
Заради злоупотреба на службена положба и овластување, како и фалсификување на сужбена исправа кривично ќе одговара педесет и три годишниот И.А., кој за работел во Агенцијата за катастар и недвижности, додека М.Н (55) и Н.Н. (67) и двјацата од с. Буковљане се сомничат дека пустошеле шуми и употребиле исправа со невистинита содржина. Службеникот во периодот од 2010 до 2013 година во соработка со седум други лица, во подрачната единица на Агенцијата за катастар во Куманово, по службена должност изготвил предмет за наводна исправка на техничка грешка за четири парцели во катастарската општина, кои биле во сопственост на државата и уште три парцели кои биле со статус неутврдено право на сопственост. Истиот без правен основ, најпрвин изготвил потврди во кои внел невистините податоци за сопственоста на парцелите, а откако ги заверил со потпис и печат ги спровел во електорнскиот систем на катастарот, при што ги префрлил во имотен лист на другите осомничени лица. Двајца од соучесниците минатата година, имотните листови ги поднеле како доказ за сопственост, иако знаеле дека внесените податоци се невистинити. Тие побарале дозвола за сеча на огревно дрво на две парцели во количина од скоро 570 метри кубни, при што го оштетиле буџетот на државата за околу 4 милиони денари. Против сите учесници во криминалните дејствија, министерството за внатрешни работи поднесе соодветни кривични пријави.