Три улици без вода
13.08.2012 07:13
| KumanovoNews
Две улици во центарот на градот и една во населба Карпош, утринава се без вода.

Вода немаат домаќинствата на улиците “Народна револуција“, “Пере Тошев“ и улица “144“ во населба Карпош. Снабдувањето со вода е прекинато поради дефект на водоводните цевки. До крајот на работниот ден дефектите ќе бидат отстранети.
Во останатите делови на градот не се забележани прекини во водоснабдувањето.