Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.430 тестови, а регистрирани се 3 нови случаи на Ковид-19 во Куманово, од вкупно 83 во државата.
По градови, Скопје има 45 ново заболени, Битола – 8, Берово – 6, Ресен – 4, Куманово и Гостивар по 3, Прилеп, Кичево, Свети Николе и Македонска Каменица по 2 и по еден заразен од Тетово, Кавадарци, Охрид, Штип, Гевгелија и Дебар.
Изминатите 24 часа регистрирани се 79 оздравени пациенти од: Скопје – 37, Битола – 15, Прилеп – 7, Куманово, Кавадарци и Велес по 3, Охрид, Штип и Гевгелија по 2 и по еден оздравен од Берово, Ресен, Кичево, Крива Паланка и Богданци.
Изминатото деноноќје не се регистрирани починати лица. Куманово досега има регистрирано 16.660 случаи од кои 11 се сеуште активни.