Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Куманово утре во 19 часот, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, организира трибина на тема „Кажи не на семејното насилство“.
Оваа трибина е по повод Меѓународниот ден на ненасилство 2-ри октомври.
Предавачи на трибината ќе бидат Душко Миновски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика и претставници од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи од Куманово. Можат да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.