×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трибина „Куманово град на мирот„

    18.06.2010 12:56 | KumanovoNews

      За Куманово, како пример на меѓуетничкиот соживот ќе се дебатира на трибината што ја организира Општината, како град град носител на пораката на мирот во светот. На трибината ќе се расправа, како Куманово во 2001 година успеа да го сочува мирот и меѓуетничките односи и продолжи да ги унапредува во наредниот период.

    Трибина „Куманово град на мирот„

     Куманово досега покажа дека е лидер во воспоставувањето на добрите меѓуетнички односи, лидер во ширење на духот на мирот во државата и регионот. Со оваа трибина сакаме да испратиме јасна порака на национално ниво, дека Македониај нема друга алтернатива освен градење и зајакнување на меѓуетничкиот соживот, а со тоа и развој на државата и оставрување на Европските интеграции-рече Оливер Спасовски, секретар во Општината.

    Трибината се организира во пресрет на десетгодишнината од Охридскиот договор. Планирано е учеството на вицепремиерот Абдулаќим Адеми, Нано Ружин, Владо Поповски, Владо Бучковски, Слободан Ковачевски, Фериз Дервиши, Ридван Сулејмани, амбасадорите на САД, Србија, Албанија, претставници ОБСЕ и  невладини организации.

     Трибината е закажана во Меморијалниот центар Пелинце во понеделник  со почеток во 11 часот.