500x100-1
13. 11. 2019 12:54

Триесет и четврта седница на Советот на Општина Куманово

Триесет и четврта седница на Советот на Општина Куманово

 Советот на Општина Куманово утре (четврток) ќе одржи редовна седница. На дневен ред се вкупно 43 точки, a ќе се расправа и за финансиското работење на јавните претпријатија „Чистота и зеленило“, „Водовод“, „Куманово гас“ и „Куманово паркинг“ и „Пазаришта“ .

Дневен ред:

1. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јули – Септември 2019 година;

2. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ – Куманово од 01.07.2019 – 30.09.2019 година;

3. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2019 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;

4. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.07.2019 – 30.09.2019 година;

5. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.07.2019 – 30.09.2019 година;

6. Програма за измена на Програмата за работа на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за 2019 година;

7. Програма за измена на Програмата за користење, одржување, реконструкција и изградба на јавното осветлување на подрачјето на Општина Куманово за 2019 година;

8. Програма за измена и дополнување на Програмата за работа на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2019 година;

9. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Април – Јуни 2019 година;

10. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јули – Септември 2019 година;

11. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2020 година на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;

12. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;

13. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2019 година на ЈОУ Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово;

14. Предлог – Програма за измена на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2019 година;

15. Предлог – Правилник за измена на Правилникот за начин на распределба на средства за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативните активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година;

16. Предлог – Програма за измена на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година;

17. Предлог – Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општина Куманово за 2019 година;

18. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2019 година;

19. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2019 година;

20. Предлог – Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Куманово за 2019 година;

21. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за III квартал од 2019 година;

22. Информација за запишување на училишните обврзници во прво одделение во општинските основни училишта и актуелни состојби во основното образование во Општина Куманово во учебната 2019/2020 година;

23. Информација за запишување на учениците во прва година и актуелни состојби на средните училишта и ЈУ – ОУД „Професор Мијалковиќ“ во Општина Куманово во учебната 2019/2020 година;

24. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за основното образование за 2020 година;

25. Предлог – Одлука за утврдување на критериуми за распределба на блок – дотации за средното образование за 2020 година;

26. Акциски план за меѓуетничка интеграција во образованието за период од 2019 до 2022 година за основните и средните училишта во Општина Куманово;

27. Предлог – Одлука за давање на согласност за времено обезбедување на средства од Буџетот на Општина Куманово, наменети за засебна сметка на проектот „Заедничка историја и култура – Мост преку границите” ;

28. Предлог – Одлука за давање на користење на недвижна ствар – сопственост на Општина Куманово на Министерство за информатичко општество и администрација;

29. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на возило – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;

30. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;

31. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на метлечки машини – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово

32. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на опрема за приклучок за потрошувач на гас – сопственост на Општина Куманово на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;

33. Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка меѓу општините: Штип, Карбинци, Кочани, Виница, Берово, Делчево, Македонска Каменица, Чешиново-Облешево, Зрновци, Пехчево, Пробиштип, Крива Паланка, Ранковци, Кратово, Липково, Старо Нагоричане, Свети Николе и Куманово за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад;

34. Предлог – Одлука за основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад;

35. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 21/13, м.в. Кумлји Баир, КО Биљановце вон г.р. – Општина Куманово;

36. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 679/4, м.в. Расје, КО Биљановце вон г.р. – Општина Куманово;

37. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 340, м.в. Менков Споменик, КО Биљановце вон г.р. – Општина Куманово;

38. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1884 и 1882/1, м.в. Маренковец, КО Довезенце – Општина Куманово;

39. Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1245/3 и 1245/2, м.в. Село, КО Новосељане – Општина Куманово;

40.Предлог – Решение за избор на командир на Полициска станица од општа надлежност – Куманово;

41.Предлог – Решение за именување на претставник од Општина Куманово за член на Училишниот одбор во Општинското основно училиште „Вера Которка” – с. Клечовце;

42. Предлог – Решение за разрешување и именување на претставник од Општина Куманово за член на Управниот одбор на Јавната установа – Општински ученички дом „Професор Мијалковиќ” – Куманово;

43. Предлог – Решение за предлагање на претставник од Општина Куманово за член на Управниот одбор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа – Куманово.