×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Триесет и седум вработени во градинките ќе добијат решенија

    25.02.2015 15:06 | KumanovoNews

    Триесет и седум вработени во градинката “Ангел Шајче“ ќе добијат решенија за работа, согласно насоките од Министерството за труд и социјална политика и Владата.

    Триесет и седум вработени во градинките ќе добијат решенија

    Се работи за негувателки и хигиеничарки, кои со години работеле по договор на дело.

    “Законот за трансформација во редовен работен однос веќе е на сила. За оние кои ги имаме вработено со договор на дело и кои се опфатени со законот, ги исполнуваат условите, во овој момент мораме да направиме измена на правилникот за внатрешна организација. Ќе бидат ставени во три групи, при што ќе треба да добиеме согласност за сите наеднаш, меѓутоа склучување на договор со  првата група е веднаш, со втората група веднаш, а стапува на сила од 1 декември 2015 и третата група е од 1 септември 2016 година. За сите триесет и седум луѓе вработени во нашата градинка веќе имаме доставено барање, со сите потребни документи до министерството“ - изјави Марина Алексовска, директорка на градинката.

    Меѓу вработените чии договори се трансформираат има и такви кои работат од 2003 година.