×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Триесетина кумановци боцнати од крлеж

    26.05.2015 16:53 | KumanovoNews

    Триесетина кумановци, во последниве два месеци, побарале помош на инфективното одделение во Кумановската болница затоа што биле каснати од крлеж.

    Триесетина кумановци боцнати од крлеж

    Главно се работи на луѓе кои живеат во селата и за граѓани кои престојувале на излет во трева. Лекарите апелираат крлежите да не се вадат на своја рака, туку да се побара лекарска помош.

    Препорачливо е сите кои работат на полиња или излетниците на крајот на денот да направат контрола и да видат дали имаат зафатено крлеж на  телото. Местото кај што бил убодот ако се јави црвенило што се шири треска илои покачена температура пациентот мора да се јави кај нас. Можно крлежот да биде заразен со бактерија и да предизвика тешко заболување,- вели Азис Бајрами, инфектолог.

    Инфективното одделението располага и со доволни количини серуми за заштита од каснување од змија.

    Годинава сеуште нема случај на каснување од змија, најверојатно поради нестабилното време и луѓето помалку излегуваат на работа во полиња или одат на излети, - додава Бајрами.

    Мината година имало две каснувања од змија. Отровот кај змиите е најсилен на пролет.