Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Триесетина мигранти деновиве се прегледани во Општа болница Куманово.
Од одделението за хирургија велат дека последниве десетина дена секојдневно примаат по 2-3 мигранти, кои имаат проблеми со стапалата бидејќи пеш поминале долг пат.
„ Пациентите главно имаат пликови, крвни подливи, рани. Нашата помош се состои во тоа што, хируршки ќе ги обработиме стапалата, ќе ги преврземе. Неколку пати се случи повредениот да преспие кај нас, без да му оформиме некаква документација, затоа што најчесто тие луѓе немаат документи. Имаше еден повреден со нож при нивна тепачка. Контактираме со МВР, тие некогаш доаѓаат, земаат податоци, некогаш не“ - вели Методија Димковски, началник на хирургија.
Од детското одделение објаснуваат дека се прегледани две деца, од кои едното имало бронхитис, а другото температура.
“Задржани се по 2-3 часа, дадена е интравенозна терапија и потоа е дадена терапија за примање надвор“- рече Снежана Станковиќ, педијатар.
И од Ургентен центар информираа дека дел од пациентите се прегледани кај нив и пуштени. Медицинска екипа има и во џамијата која во одреден дел од денот, ги посетува и им пружа помош. Министерството за здравство донесе одлука овие луѓе да бидат прегледувани при влез во земјава или во Транзитниот центар.