Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Триесетина несовесни возачи денеска во просториите на СВР Куманово присуствуваа на сообраќајна поука.
Претставници од отсекот за превенција им посочија кои се сообраќајните правила и прописи на кои треба да внимаваат, како да се однесуваат во сообраќајот, да носат заштитна опрема, да се врзуваат со појас, да не зборуваат на мобилен и слично. Потоа на учесниците им беа прикажани и филмови изготвени од Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот.
За оние кои прв пат се на сообраќајна поука нема да има никаква парична или друга санкција, а за оние кои што се втор пат, зависно каков прекршок сториле, дали ист или нешто слично, може уште една сообраќајна поука, меѓутоа потоа исклучиво се оди на казнени санкции. За денеска испратени се 30 покани, а за оние кои нема да учествуваат ќе бидат поднесени соодветни поднесоци односно барање за поведување на прекршочна постапка. За возачите ќе биде доставена покана за да си запишат негативни поени, доколку тоа не го сторат ќе се поднесе соодветно барање - вели Виолета Богдановска, раководител на отсек за превенција.
Ова е 17- та по ред сообраќајна поука годинава , а за следната ќе има поголем број на учесници. Од почетокот на 2015 година, 352 граѓани биле на сообраќајна поука.