×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Трката за мирот помина низ Куманово, ја поддржаа ученици од основните училишта

    07.10.2024 14:36 | Оливера Пешевска

    Трката за мирот денеска помина низ Куманово, на својот пат од Бугарија кон Србија и Унгарија. Тоа е серија од спортски настани на глобално ниво, се трча штафетна трка со факел, кое има за цел да ја пренесе пораката за мир.

     

    Трката за мирот помина низ Куманово, ја поддржаа ученици од основните училишта

    Во Куманово трчаа ученици од сите основни училишта, кои истрчаа 1.500 метри, од раскрсницата на влезот на градот до Градскиот плоштад.

     Благодарници за учеството и поддршката на мисијата добија учениците од : 11 Октомври, Бајрам Шабани, Наим Фрашери, Браќа Миладиновци, Крсте Мисирков, Вук Караџиќ, Кочо Рацин, Толи Зордумис, Христијан Карпош, Магдалена Антова, Битолски конгрес, Карпош од Умин Дол, Вера Которка, Јероним Де Рада, Кирил и Методиј од Романовце, Браќа Рибар, и од музичкото училиште Панче Пешев. 
    Ова година мотото е дека „Мирот почнува во нас“, односно во секој еден поединец.

    „Моментално ја трчаме европската рута, што значи поминуваме низ сите земји од Европа, во траење од 6 месеци. Наскоро трката завршува во Унгарија, откако поминуваме низ Македонија, потоа низ Србија. Имаме десетина постојани тркачи, од интернационален тим- спортисти од Латавија, Шкотска, Велс, Англија, Нов Зеланд, Мексико, Украина. Вклучени се и локални тркачи, деца од основните училишта од општината но нема натпреварувачки карактер“, истакна Тодорка Петровска од Скопје, национален координатор на „Трката за мир“.

    Европската тура почнала годината, а се трчаат по периоди различни региони од континентот. Започнала во Португалија и се одвивала во тој дел од Европа, сега доаѓа од Бугарија, а се трчало во Романија, Молдавија и балтичките земји, пред тоа скандинавските земји, некаде во мај се одвивала во Австрија, Германија и останатите западни земји од Европа, летово во Хрватска и Словенија. Постојано се одржува ова трка во некој дел од светот. Од февруари следната година започнува во Нов Зеланд, потоа Австралија.

    Се тргнува наутро, се менуваат тркачите со факелот, по принцип на штафета, па и не многу напорно, по тврдење на Петровска. Секој поминат километар на рутата е со трчање. Навечер се стационираат за спиење и одмор. Се финансираат од приватни донации, во текот на годините се појавувале финасиери, кои постојано донираат и ја поддржуваат мисијата.

    „Реално тоа се луѓе кои и биле на трката, поранешни атлетичари“, објаснува Тодорка Петровска.

    На Градскиот плоштад беше одржан и перформанс и мала игра за анимација на основците, а беше изведена и официјалната химна на мисијата „Трка за мир“.

    Трката има долга традиција, започната е уште во 1987 година во Њу Јорк. Во Куманово поминува по 10 годишна пауза.