Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На патот Куманово - Речица во близина на спортскиот аеродром Аџитепе вчера попладне околу 16 часот кумановци пресретнале и тепале Пакистанец.
Х.А (20) од Пакистан сакал да посети свој пријател во село Лојане, но попат го сретнале М.Д.(15), М.М.(15) и М.Д.(16), кои го нападнале барајќи му пари и мобилен телефон. Тие со клоци и тупаници го удирале по главата и телото. Тепачката ја забележале полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор и фатиле еден од насилниците, а другите двајца побегнале, но за кратко време се пронајдени и приведени. Х.А е сместен во Прифатниот центар во Скопје.
Тројцата кумановци ќе одговараат за кривично дело “разбојништво“.