Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На прсти можат да се избројат одгледувачите на цвеќе кои се присутни во кумановскиот крај. Ги има само неколку и тоа во село Војник, Стрезовце и населбата Карпош.
Цвеќето се одгледува во пластеници и бара ѓубрива почва. На отворено скоро и да не се сади за продажба. Населението во кумановскиот крај не е мотивирано да се занимава со одгледување на цвеќе, бидејќи нема пласман. Пазарот е полн со цвеќе, ама никој не купува. Локалните производители цвеќињата ги продаваат во цвеќарниците во градот, но тоа не е доволно за еден земјоделец да се определи за цвеќе - велат земјоделците.
Години наназад цвеќето се сади на многу мали површини, но земјоделците велат дека истото се случува и со други култури како што се кромидот и лукот.