×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Труло дрво е исечено на малиот плоштад во Куманово, тврдат надлежните

    06.02.2024 13:22 | Оливера Пешевска

    Труло и склонопадно дрво, кое претставува опасност за минувачите на малиот плоштад во Куманово е исечено за викенд, тврдат од ЈП „Чистота и зеленило“. 

    Труло дрво е исечено на малиот плоштад во Куманово, тврдат надлежните

    Сечењето на дрвото уследи откако започна реконструкцијата на плоштадот, па граѓаните реагираа дека се намалува зеленилото на сметка на бетонизација на централното градско подрачје.

    „Наши работници отстранија склонопадно дрво на плоштадот „Маршал Тито“ кое претставуваше опасност за граѓаните. По завршување на реконструкцијата, на истиот ќе бидат засадени нови, високо квалитетни садници. Нашата интенција е за секое исечено дрво да посадиме 3 нови, па така и на реновираниот плоштад повторно ќе има зеленило и сенка“, истакна Даниел Стојчевски, директор на ЈП Чистота и зеленило.

    Напоредно со изведување на градежните работи на плоштадот се поставуваат бетонски ограничувачи на тревниците кои ќе служат и како саксии со цвеќе. 

     Директорот Стојчевски, вели дека редовното уредување на зеленилото и одржување на дрвјата и садниците е важен процес кој придонесува за правилен развој и заштита, како и подготовка за претстојната вегетација во пролетниот период.

    „Градот нема да остане без зеленило и дрвја, раководството на претпријатието се грижи за животната средина и во делот кој барем малку ќе помогне во справувањето со аерозагадувањето. Лани насадивме повеќе од 10 илјади садници, најмногу во акциите за пошумување во Којнаре, Спомен Костурницата, Студена вода и други локации. Ова година планот е да го урнеме минатогодишниот рекорд“, потенцира Стојчевски.  

    Во меѓувреме се засадуваат нови садници на булеварот „Октомвриска револуција“ и се расчистуваат повеќе локации во градот.