Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод Денот на ослободување на Куманово, на градскиот плоштадот ќе се одржи концерт на кој ќе настапат пејачите Туна, Пајак и Лара, Мартинијан Кириловски и дуото ДНК од Скопје.
За концертот се издвоени 1 милион денари, а само огнометот ќе чини 120 илјади денари, средства издвоени од општинскиот буџет.
Концертот ќе се одржи на 10 ноември.
Минатата година беа организирани два концерти на 9 и 10 ноември. На првата вечер настапија дечињата од „Дајте музика“, Тајзи и Сара Јо, додека на 10 ноември Некст тајм, Влатко Лозаноски Лозано, Алкета и Барди.
Традицијата за одржување на вакви концерти се воспостави во последните 15-тина години. Досега настапувале најпознатите музички ѕвезди од Балканот како Борис Новковиќ, Северина, Петар Грашо, Јелена Розга, Даниела Мартиновиќ, Харис Џиновиќ, Џенан Лончаревиќ, Лепа Брена, Ѓорѓе Давид, Ивана Петерс, Тропико бенд и повеќе изведувачи од Македонија.
Концертот го организира Фондацијата за култура и спорт под покровителство на Општина Куманово.
(фото. архива)