Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Заедницата на Србите во Македонија регионална организација Куманово, по повод празникот Видовдан организира традиционалниот турнир во мал фудбал „Видовдан 2015„.
Натпреварите ќе се играат на спортскиот терен кај Соколана, започнува во понеделник па ќе трае во наредните две недели, во период од 18 до 22 часот. Ќе учествуваат 16 реномирани екипи поделени во 4 групи. За најдобрите три екипи ќе има пригодни награди, пехари и медали, а ќе се бира и најдобар стрелец, голман и играч, -изјави Никола Милковиќ од Српската заедница.
Пред финалето ревијално ќе играат ветерани на Вардар со друга екипа. Се повикуваат граѓаните да присуствуваат на турнирот.
Турнирот се одржува 15-та година по ред.