×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ТВ Нова продолжува со работа

    25.07.2012 09:40 | KumanovoNews

     Советот за радиодифузија ја поништил одлуката за одземање на дозволата за работа на вчерашната седница, откако телевизијата ги помирила финанскиските обврски за коцесијата за работа.

    ТВ Нова продолжува со работа

    Локалната телевизија Нова останува во етер. Советот за радиодифузија ја поништил одлуката за одземање на дозволата за работа на вчерашната седница, откако телевизијата ги помирила финанскиските обврски за коцесијата за работа.

    Информацијата ја потврдија од телевизијата и велат дека продолжуваат со работа и остануваат верни и доследни на гледачите и деловните партнери.

    Одредени кабелски оператори деновиве не ја пренесуваа програмата на ТВ Нова, но таа наскоро ќе биде вратена на програмата.

    Работата на локалната телевизја беше доведена во прашање на 9 јули, кога Советот за радиодифузија ги одзеде дозволите за работа на повеќе медиуми во земјава меѓу кои и на ТВ Нова. Во образложението беше наведено дека тие не ја исполниле законската обврска за плаќање на надоместок за вршење на радиодифузна дејност.

    ТВ Нова останува во кумановскиот медиумски простор на задоволство на граѓаните и колегите новинари.