Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција уапси кумановец, кој запалил стрниште на неговата нива, по што предизвикал пожар надвор од неговиот имот.
„Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода П.Ј.(56) од Куманово, поради сомнение дека на своја нива во с.Никуљане, запалил стрниште, по што пожарот се проширил и зафатил сува трева надвор од неговиот имот. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат. Екипа од СВР Куманово извршила увид и по целосно документирање на случајот, против П.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.