×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Уапсен кумановец, сторител на повеќе кривични дела

    17.12.2021 11:13 | Сузана Николиќ

    Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 15.30 часот го лишиле од слобода Г.П.(33) од Куманово. 

    Уапсен кумановец, сторител на повеќе кривични дела

    За него бил распишан централен распис од ЕВР Кисела Вода, поради сомнение дека на 12.10.2021 од банкомат во маркет на ул.„Ѓорги Димитров“ во Скопје без овластување подигнал пари со картичка на женско лице од Скопје. 

    Во службен разговор во полициска станица тој го појаснил делото, истовремено признавајќи дека сторил уште пет кривични дела во текот на овој месец во маркети и други продажни објекти на територијата на Куманово, од кои едно „тешка кражба“ и четири „кражби“.

    По целосно документирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.