Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Група од четворица кумановци, од кои највозрасниот имал 22 години, извршиле осум кражби при што незаконски заработиле 6.000 евра.
Тие во последниве три месеци ограбиле менувачница, продавници и аптека. Крадците и претходно и се познати на полицијата бидејќи вршeле тешки кражби.
Водачот на групата кој бил потпомогнат од тројца малолетници е изведен пред истражен судија и му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.