Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Водачите на терористичката група, Мирсад Ндрецај, алијас командант Нато и Бег Ризај, познат и како командант Бегу, и двајцата од Косово, убиени се населбата Тоде Мнедол, потврди МВР.
Како што соопштува МВР, по завршување на обдукцијата на починатите членови на терористичката група отпочнала процедурата на потврдување на идентитетот на лицата. Досега позитивно е потвден идентитетот на Мирсад Ндрецај роден 17.06.1979 од Косово таканаречен командант НАТО за кој постоеја сомненија дека е еден од лидерите на терористичката група. Пристигнала позитивна потврда и на идентитетот на Бег Ризај роден 25.12.1977 од Косово познат како командатнт Бегу. Од починатите потврден и идентитетот на Нусрет Каљоши роден 18.04.1975 македонски државјанин.
Освен нив преку ИНТЕРПОЛ потврден е и идентитетот на Сами Укшини 10.10.1967 од Косово познат како Командант Соколи. Лице кое се предаде на полицијата.
Продолжува процесот на идентификација и на останатите.