Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Комисијата за заразни болести предлага второто полугодие од учебната година да почне на 1 февруари наместо на 20 јануари, поради состојбата со ковид-19.
Претседателот на Комисијата за заразни болести Караџовски на вечерашната седница ја презентираше актуелната епидемиолошка состојба со ковид-19, додека главна точка на дискусија беа опциите за продолжување со настава во тековната учебна година.
„Главниот кризен координативен штаб врз основа на дискусијата донесе заклучок дека во моментот, епидемиолошки земјата се наоѓа во пик, поради кој препорачува да се одложи учебната година до 01 февруари 2022, со предуслов да се упатат силни апели до родителите за строго придржување на мерките за заштита од коронавирусот. Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе известуваат на почест интервал околу следењето на состојбата за да може да се прилагодат препораките доколку се јави потреба“, соопштува Владата.