Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од седмите одделенија од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово учествуваат на 14. Меѓународен фестивал на детското творештво „На крилјата на детството“ во Панонија, Бачка Топола, Република Србија.
Седумнаесетте ученици, овој викенд, под водство на нивната наставничка по македонски јазик, Стојанка Дудучки, ќе се запознаат, дружат и натпреваруваат со своите другарчиња од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Република Македонија.
Од стотици пријавени кандидати избрани се финалисти и тоа во неколку области на детското творештво: поезија, проза, драма, пеење, играње, свирење, сликање и пронаоѓање на скиеното богатсво. Освен тоа за нив се подготвени и многу работилници и забавни игри во прекрасниот, огромен парк на малото место Панонија.
Фестивалот се оддржува од од 3 до 5 јуни.
„Нашите ученици ќе настапат во категориите: драмски претстави, пеење и сликање. Натпреварот „Скриено богатсво“ е осмислен од Урош Петровиќ, човек кој е втор во светот по коефициентот на интелигенција (IQ) и основач на НТЦ („Никола Тесла“- Центарот за развивање на интелигенцијата кај децата). Овој детски фестивал важи за еден од најдобрите и е расадник на идни уметници и културни работници, бидејќи негови гости, жири-комисии и ментори се врвни поети, писатели, сликарски,музички, театарски и филмски уметнички имиња како: Љубивоје Ршумовиќ, Перо Зубац, Миња Субота, Тоде Николетиќ, Милица Вучковиќ, Татјана Пуповац, Драгана Бокан, Божидар Кнежевиќ, Бранислав Росиќ.....кои за овие два дена се дружат со децата и се нивна огромна поддршка и поттик“, вели професоерката Дудучки.
Основното училиште „Крсте Мисирков“ е познато по редовно учество на разни проекти и фестивали од каде секогаш се враќале со највисоки признанија и дипломи, но сепак за нив е најважно дружењето со врсниците од регионот и претставување на своето училиште и својата татковина во најдобро светло.
Бобан Ѓорѓиевски