Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Ученици од четврто и петто одделение од основното училиште “Светозар Марковиќ“ од село Старо Нагоричане, на 13 јули ќе заминат на курс по српски јазик на планината Тара во Србија.
Таму ќе престојуваат десет дена и ќе го изучуваат српскиот јазик.
“Ова не ни е прво учество, наши ученици и досега го посетуваа курсот. Таму ќе има деца од повеќе земји. Нашите ученици јазикот го учат на училиште, но и таму ќе можат да го вежбаат“-вели Даниела Станковска, директорка на “Светозар Марковиќ“.
Посетата е организирана преку Министерството за образование на Србија.