×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ученици се натпреваруваа во возење трактор

    15.11.2013 11:01 | KumanovoNews

     Во земјоделското училиште „Киро Бурназ„ денеска се одржа училишен натпревар во возење трактор.

    Ученици се натпреваруваа во возење трактор

    28 ученици од прва до четврта 4 година управуваа трактор со приколка и се натпреваруваа кој повешто ќе ги помине препреките на полигонот. Меѓу натпреварувачите беа и две девојчиња Кристина Спасева и Тијана Љубевска, кои многу успешно се снајдоа со земјоделските машини.

    Мене ми беше многу интересно бидејќи првпат учествувам на ова нетпреварување. Не ми е битно дали ќе добијам награда, ми беше битно да ја победам тремата и да покажам дека можам.- вели Кристина Спасева, која е трета година во насоката техничар за агро-менаџмент.

    Нејзината другарка Тијана, које е втора година, веќе учествувала на натпреварувањето и сега се пријавила по вторпат.

    Оваа година возев порелаксирано затоа што веќе знаев како изгледа натпреварувањето. Се надевам дека ќе победам и ќе го претставувам училиштето на републичкиот натпревар-вели Тијана.

    Најдобрите ученици од денешниот натпревар ќе се квалификуваат за републичкиот натпревар, кој ќе се одржи во мај во Валандово.

    Нашите ученици секоја година освојуваат една од трите први награди. Оваа година подготовките ги почнавме за да има време посебно да се увежба. Ги избираме најдобрите, а ќе земат учество четири машки и две девојки.-изјави професорот Горан Митевски.

    Истовремено во училиштето денеска беше и отворен ден за промоција на обуките за возрасни за кои училиштето има сертификат. Тоа се: безбедно управување со трактор, одгледување на млечни крави, молзач, искористување на земјоделскин отпад за енергија, деловно управување со фарма и агро-туризам, за кои обуките за граѓаните се бесплатни.