Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основното училиште “Браќа Миладиновци“, учениците ја изведоа претставата “Чорбаџи Теодос“.
Претставата е дел од проектот “Заедно празнуваме, заедно другаруваме“ во кој учествуваат деца од македонска, српска, хрватска и ромска националност. Целта е да се поттикне соработката, размената на идеи и да се создаде подобра училишна клима.
Јас го толкувам ликот на Стојанка. Се надевам дека на гостите ќе им се допадне претставата. Претходно бевме во посета на театар во Скопје каде гледавме претстава на турски и тоа многу ни помогна - вели Сара Петревска, учесник во претставата.
Проектот е поддржан од УСАИД, Фондација Отворено Општество Македонија и Детска фондација Песталоци од Швајцарија.