×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Учениците собираа смет во училишните дворови

    03.10.2015 10:49 | KumanovoNews

    Учениците од основните и средните училишта во Куманово денеска собираа смет во училишните дворови, по повод акцијата „Македонија без отпад“, која ја реализираат Министерството за животна средина и Асоцијацијата „Ајде Македонија“.

    Учениците собираа смет во училишните дворови

    Три дена непрекинато во основното училиште ,,Кочо Рацин" се реализира акција „Македонија без отпад“. Ученици, наставници, родители и соседите кои живеат во близина денеска беа вклучени во расчистување на училишниот двор и блиската околина, во селектирање на отпад.

    Најголемата акција се спроведе при полнење на контејнерот ,,Џери" наменет за пластика. Нашето училиште секоја години активно учествува во реализација на проектот и преку едукативен материјал изготвен од наставници и ученици се со цел за подигање на свеста за правилно собирање и селектирање на отпад. Посебен акцент беше ставен на последниот ден од работната недела кога учениците по голем одмор го собираа и селектираа отпадот направен после ужина во пластични кеси со цел да осознаат колку количински се создава отпад само за еден голем одмор“ - вели Ивана Ѓорѓиевска, библиотекар во “Кочо Рацин“.

    Во Гимназијата “Гоце Делев“ денеска осумдесетина ученици од еко тимовите учествуваа во расчистување на дворот. Професорите велат дека и за време на класниот час работат на подигање на еко свеста кај учениците.

    Акцијата се спроведуваше од 9 до 11 часот, се ангажиравме околу расчистување на дворот на училиштето и подигање на еколошката свест кај учениците. Секоја година се вклучуваме во оваа акција, одбележување на Денот на пролетта , садиме садници“ - рече Соња Тодоровска, помошник директор во “Гоце Делчев“.

    И во основното училиште “11 Октомври“ рано утрово учениците во вреќи собираа отпадоци од тревникот пред школото.

    Имавме и некои едукативни предавања за собирање на смет и отпад. Децата од 7 до 9 одделение собираа отпад околу и во училишниот двор и на некој начин децата ги едуциравме за чиста и здрава околина“ - изјави Јелена Павловска, професор по биологија во “11 Октомври“.

    Општина Куманово по повод акцијата “Ајде Македонија“ ќе го исчисти коритото на река Кумановка, а ќе бидат опфатени и Којнарка и Липковска. Акцијата “Македонија без отпад“ има за цел да поттикне масовно чистење на сметот во земјава.