Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Учениците од основните и средни училишта најдоцна до понеделник треба да испратат песни и цртежи на конкурс за наставниците и македонските просветители, кој го распиша Здружението на просветни работници од Куманово и Старо Нагоричане.
Според програмата распишан е литературен и ликовен конкурс за училиштата кои треба денеска или најдоцна до понеделник да пратат творби на дадената адреса. Најмалите ќе пишуваат:
„За мојата учителка„, а учениците од основните и средните училишта за „Мисијата на Кирил и Методи„ и „Мисијата за описменување„. Завршната активност ќе биде на 23 мај во МКЦ „Козјак„ каде ќе бидат доделени дипломи на првенците на генерација во основните и средни училишта, ќе бидат прогласени просветни работници на годината и најдобрите ликовни и литературни творби - изјави Круме Младеновски, член на претседателство на здружението.
Овие активности се организираат по повод 24 мај - Денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.