Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Техничкото училиште “Наце Буѓони“ вчера се одржа натпревар на тема “Електрични централи и алтернативни извори на енергија“, на кој учествуваа 20 ученици.
На натпреварот прво место освои Оливер Ѓорѓиевски, второ место Роберто Станојковиќ и трето Џорџ Богдановски, сите тројца ученици во трета година во техничкото училиште.
“Учениците одговараа на прашања кои се однесуваа на производство на електрична енергија во термо и хидроцентрали и примена на алтернативните извори на енергија во Република Македонија. Целта на натпреварот беше подигнување на свеста на младите за предностите и поволностите што ги даваат алтернативните извори на енергија, а тоа е нивната неисцрпност, бесплатност и важната улога во намалување на емисијата на штетни гасови во атмосферата“ - изјави Станче Јаневска, професор по електро група на предмети.
Натпреварот се организира во пресрет на 21 март-Денот на пролетта, а во рамки на проектот за мултиетничка интеграција во образованието.