Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинското основно училиште „11 Октомври“ – Куманово прославува 60-годишен јубилеј од своето постоење. Свеченоста ќе се одржи во 17 часот со приредба во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово.
„Во претходниот период, нашето училиште спроведе мноштво на активности од областа на спортот и уметноста, разни училишни и меѓуодделенски натпревари кои интерно ги организираат наставниците со целосна посветеност за интегрирање на децата со посебни образовни потреби. Горди сме на нашите наставници кои образовале и обликувале личности од многу генерации на ученици во сите изминати декади од формирањето на нашето училиште. Меѓу овие луѓе има значајни претставници од разновидни професии кои за време на нивниот работен стаж извршувале, а голем дел од нив сè уште извршуваат клучни функции на општинско и на државно ниво во служба на граѓаните. Нека му е честит и вековит роденденот на училиштето ООУ „11 Октомври“ - Куманово и нека им е вечна славата на паднатите борци за слобода. “, изјави директорката Драгица Спасиќ.
Покрај учениците под менторство на нивните наставници, во сценографскиот настап од програмата ќе се приклучат учесници од културно-уметничкото друштво „Српски вез“ и од локалното приватно училиште за сценски уметности танци, како и гости од другите градови.