Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Основното училиште „Христијан Тодоровски - Карпош“, денска прослави пеесет и една година од своето постоењето. Училиштето го посетуваат 1450 ученици поради што е најголемо во Општината, а влегува и во групата на училишта со најголем пораст на деца во државата.
Во централното училиште настава се организира за 1200 ученици, а во двете подрачни училишта во населбата "Иго Тричковиќ" и во село Тромеѓа 250 ученика.
„Оваа година влеговме во втората фаза од проектот модернизација на училиштата со која е предвидено да се уредат три кабинети по природни и општествени науки и по јазици“ - вели директорката Оливера Стојанова.
Решен е и проблемот со канализацијата во училиштето во населбата „Иго Тричковиќ“. Годинава се очекува да бидат променети прозорците и вратите во централното училиште.