×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Училиштето „Крсте Мисирков“ го прослави патронатот

    18.11.2020 15:54 | KumanovoNews

    Oсновното училиште „Крсте Мисирков“ денеска го прослави патрониот празник, со скромна манифестација на отворено.

    Училиштето „Крсте Мисирков“ го прослави патронатот

    Во рамки на одбележувањето се одржаа неколку активности, меѓу кои ликовен и литературен конкурс. Натпреварите се реализираа од дома, а најдобрите учениците денеска добија пофалници. Учениците од прво, второ и трето одделение кои следат настава со физичко присуство пак учествуваа во еко акција, при што засадија неколку садници во дворот на училиштето.

    - Денеска нашето училиште чествува два датуми, 146 години од раѓањето на великанот на македонското литературно творештво, филологот и кодификаторот на македонскиот литературен јазик нашиот патрон Крсте Мисирков и 72 години постоење на општинското училиште. Специфична е моменталната состојба со развој  на пандемијата меѓутоа и тоа не не спречи на достоинствен начин да додадеме почин на нашиот великан-истакна директорот на училиштето Александар Јовановиќ, кој информираше дека ќе се одржи уште еден настан, онлајн час по македонски јазик.

    (извор.тв-плус)