Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ОУ "Браќа Рибар" од село Табановце, денеска прослави 65 години постоење. Училиштето е единстевно во Oпштина, каде наставата се изведува на три јазика.
Во централното училиште наставата се изведува на македонски и српски јазик, во подрачното училиште во Којнаре на македонски, додека во селата Сопот и Костурник на албански јазик."Вклучени сме во повеќе проекти меќу кои и промовирање на мултикултурализмот во училштата.Денешниот патронен празник го искористивме за промоција на комјутерското вмрежување"-вели, директорката на училиштето Розита Благојевиќ.
Училиштето влегува во групата на посовремени училишта,иако се наоѓа во рурална средина.Во "Браќа Рибар" учат 279 ученици во 25 паралелки.