Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Големи пожари настанаа синоќа околу 20 часот како последица на електрични празнења од невремето што кратко го зафати Куманово.
Според Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) од удар на гром во бор во с. Проевце, во кругот на Ловачки Дом, се запалила сува трева, а горело и дрвото во периодот од 20.35-21.35ч.
Вториот пожар е регистриран на ул. Стојан Арсов во близина на Градските гробишта, кој настанал како последица од електрично празнење. Изгаснат е за околу 50 минути.
Противпожарната едниница од Куманово во текот на вечерта интервенирала на отворен простор и во селато Студена Бара, во Средорек - на репетитори, во с. Долно Којнаре на запален помошен објект и сува трева м.в. Четирска маала.